Фото: Nintendo

Nintendo минатата недела претстави нов производ, но не се работи за таков каков што би очекувале. Од компанијата претставија паметен аларм часовник кој ќе ги буди корисниците со музика и звуци од познатите игри достапни на играчките конзоли од Nintendo.

Nintendo Sound Clock: Alarmo е официјалното име на часовникот, кој е направен до некаде во класичниот стил карактеристичен за времето кога се користеа вакви часовници поставени на наткасната до креветот. 

Покрај можноста за класичното исклучување на алармот преку големото копче на горната страна, Alarmo сепак е паметен часовник и има вграден сензор за движење. Кога корисникот ќе почне да станува алармот се паузира, а кога целосно ќе стане тој се исклучува. 

Alarmo исто така ја има и функцијата Records, која го користи сензорот за движење, па корисникот може да следи колку често се мрда во текот на ноќта додека спие. 

Корисниците ќе можат да се поврзат и со својата Nintendo сметка за да можат да симнат повеќе музика и звуци од останатите игри кои не се веднаш достапни со часовникот. 

Nintendo Sound Clock: Alarmo ќе се продава по цена од 100 долари, а корисниците надвор од САД и Канада можат да го очекуваат идната година. Тогаш часовникот ќе биде достапен во класична продажба. 

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Nintendo
Претходна статијаWindows 11 ќе добие можност за користење на „клучеви за пристап“ од други апликации
Следна статијаApple претстави нов iPad mini со понов чип и поддршка за Apple Intelligence и Apple Pencil Pro
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.