Фото: SmartPrix

Има уште доволно месеци до претставувањето на наредната генерација од Galaxy Z серијата на уреди, а истото обично се случува при крајот на јули или почетокот на август.

Стандардно, SmartPrix во соработка со @evleaks објавија генерирани слики направени врз основа на информациите кои се достапни досега за Galaxy Z Fold6 уредот.

Од тоа што може да се види, Galaxy Z Fold6 нема да изгледа целосно исто со претходните генерации, па Samsung се има одлучено за мал редизајн. Овој редизајн е во правец на дизајнот на S24 серијата, па може да се забележат доста рамни делови од страните, како и доста намалени заоблени делови околу екранот.

Дефинитивно може да се каже дека иако мала, оваа промена прави да Galaxy Z Fold серијата е доволно освежена и изгледа доста подобро.

Од SmartPrix истакнуваат дека може да се очекува и мала промена кај димензиите, па уредот треба да биде малку понизок и малку поширок. Сепак, од тоа што може да се види, Samsung продолжува да го користи нивниот формат за овој вид на уреди, кој е доста „тесен“ и не овозможува баш класично смартфон искуство кога е затворен.

Покрај дебелината на уредот кога е затворен и линијата на местото на превиткување на екранот, една од поголемите маани на Galaxy Z Fold е баш овој негов формат. Конкурентите веќе претставуваат пошироки уреди кои им овозможуваат на корисниците вистинска алтернатива на нивниот класичен смартфон.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2SmartPrix
Претходна статијаНаскоро започнуваат деновите на италијанскиот дизајн во Скопје
Следна статијаСо NLB Smart POS, мобилниот телефон станува ПОС терминал
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.