Околу две години поминаа од заминувањето на познатиот Џони Ајв од Apple и основањето на неговата компанија за дизајн, LoveFrom. Не читаме доволно често за работата која ја има оваа компанија, а како дел од клиентите кои ја започнаа својата соработка со легендарниот Ајв беа Ferrari, Airbnbn, а тука беше и Comic Relief со дизајнот за Red Nose Day.

LoveFrom повторно е во вестите со нивниот најнов клиент, а тоа е компанијата Linn. Се работи за Шкотска компанија која постои од 1973 година која е позната по развојот и продажбата на аудио опрема.

Соработката помеѓу Linn и LoveFrom е за дизајнирање на модерна и јубилејна верзија од еден од најпознатите производи од компанијата, грамофонот Sondek LP12. Грамофонот е планирано да биде произведен во мала ограничена количина, а ќе се продава по цена од околу 60.000 долари.

На страната на Linn објавена е интересна приказна за тоа како е дојдено до соработката помеѓу компанијата и LoveFrom.

„На почетокот на 2022 година, добив барање за LinkedIn од испраќач што не го препознав за средба со британскиот дизајнерски гуру Сер Џони Ајв. Се разбира, веднаш го избришав верувајќи дека е спам. Меѓутоа, како што продолжи денот, го имав ова досадно чувство во мојот стомак. Одеднаш чувството се кристализираше во мисла: Што ако навистина е Сер Џони Ајв?“ – истакнува директорот на компанијата, Џилад Тифенбрун.

Се разбира, тврдењето дека се работи за Џони Ајв се има покажано како точно, па од тука започнува соработката помеѓу двете компании.

Целата објава, односно приказна, можете да ја прочитате тука.

ИЗВОРApple Insider
Претходна статијаСтарите верзии од Windows добија можност за инсталирање на надградби
Следна статијаПретставена втората генерација од Nothing Phone со чип од повисоката класа и мало освежување на изгледот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.