11_Mot_360_StyleSport_Combo_0116_LftWtchMtl_V5_RGB[5][3]

Кога Motorola го претстави својот паметен часовник Moto 360 минатата година, тој беше, може слободно да се каже и уште е, еден од најубавите паметни часовници на пазарот. Причината за тоа е изборот на компанијата наместо со модерната коцкаста форма која што ја користат повеќето конкуренти, Moto 360 да го направи тркалезен и со тоа да му даде потрадиционален изглед.

Корисниците покажаа дека тоа навистина има се допаѓа, па денеска има поголем избор на такви часовници и од другите производители.

Оваа недела Motorola ја претстави втората генерација од овој одличен часовник, која што доаѓа како таканаречена колекција од повеќе модели. Moto 360 за 2015 вклучува 2 модели за машки со избор од две големини, модел за жени, како и спортски модел. Карактеристиките на часовниците се во главно исти, а се разликуваат по изборот на боите, големината, ременчињата и слични работи кои го менуваат изгледот.

null

Како и од сега, Motorola им овозможува на корисниците да го изградат саканиот модел сами преку Moto Maker, а се разбира можни се промени и понатака.

Големината на екранот на Moto 360 вклучува модели со 42 и 46mm за машката верзија, како и 42mm за женската која што исто така вклучува и помал ремен од 16mm. Поголемиот модел има екран со големина од 1,56 инчи, додека помалиот е со 1,37 инчи.

Часовниците вклучуваат Qualcomm Snapdragon 400 чипсет кој што работи со 1.2 GHz quad-core CPU (APQ 8026) процесор, како и Adreno 305 графички процесор. RAM меморијата вклучува 512 MB, а меморијата за складирање 4GB.

null

null

Сите модели доаѓаат со отпорност од вода, како и безжично полнење на батеријата. Траењето на батериите е стандардно од тоа што би се очекувале во денешно време, што значи дека зависно од моделот и начинот на користење, може да се очекува траење од 1 до 2 дена.

Спортскиот модел доаѓа со вграден GPS чип, покрај другите, па е во можност да работи прилично независно од паметниот телефон за време на активностите за кои што е наменет.

Изгледот на часовникот во главно е ист со претходната генерација, односно го задржува популарниот тркалезен формат, со минимални промени на одредени детали. Ќе се продава по цена од 399 до 429 долари зависно од избраниот модел.

Извор: Motorola, Motorola 2, The Verge

Претходна статијаЕлон Маск – „Користењето фосилни горива е најглупавиот историски експеримент“
Следна статијаSony ги претстави новите Xperia Z5 телефони, од кои едниот модел е првиот во светот со 4K екран!
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.