I1NzFIm

Не знам за Вас, но мислам дека моите уреди со површина што реагира на допир е невозможно да се исчистат. Дури и да успеам во таа неуспешна мисија, чистиот дисплеј трае 10 минути и потоа повторно сме назад на почеток.

Microsoft има за цел да користи UV светлина за дезинфекција на екраните за допир со цел да се подобри санитарноста на ваквите уреди. Ова би се случило со тоа што би се вградил тенок проѕирен материјал кој ќе ја дезинфицира површината автоматски со тоа што би емитувал UV светлина низ тој материјал која ефективно го дезинфицира дисплејот.

Дополнително кога ќе допрете на истиот, таа UV светлна би го дезинфицирала и вашиот прст (практично краткотрајно ги чисти и вашите раце со тоа што го намалува валкањето на самиот дисплеј).

Дали и кога оваа технологија ќе почне да се употребува сè уште не знаеме, но во ниеден случај нема да ни пречи. Особено ако оваа технологија е едноставна за поставување, па да има поширока употреба од само екранот на допир, како на пример глувчето и тастатурата од вашиот персонален компјутер (на кој претпоставувам го поминувате поголемиот дел од слободното време), па дури и површината на која работите.

Извори: Microsoft-news, TheNextWeb

Претходна статијаUbuntu паметниот телефон сега трајно достапен за купување
Следна статијаНаскоро ќе биде лансирана првата 3Д-испечатена ракета