Презентација во Meta која е испратена до The Verge, ги открива плановите на компанијата за наредните години поврзани со виртуелната и проширената реалност или поточно со бизнисот кој го развиваат од купувањето на Oculus.

Главниот дел од презентацијата е претставувањето на очила за проширена реалност во 2027 година, очила за кои Марк Закерберг очекува дека ќе имаат ефект на пазарот коков што имаше iPhone по неговото претставување. Очекувањата се дека до крајот на декадата ваквите очила ќе ги заменат смартфоните како главни уреди кои ги користат луѓето.

Сето ова се очекува од причина што очила за проширена реалност, кои се доволно лесни и мали за секојдневно носење, може да го заменат екранот од смартфоните и сите важни информации да се добиваат пред очите. Корисниците ќе имаат можност и за интеракција со очилата, а според информациите од компанијата развиваат и паметен часовник наменет токму за оваа потреба.

Очекувањата и замислата на Закерберг не се нереални. Можеме да замислиме иднина кога корисниците носат очила кои изгледаат како обични, но на нив се прикажуваат информации поради што немаат потреба од гледање во телефнот.

Со оглед на тоа што Meta повеќе години работи на развојот на овие очила, а ќе поминат уште години до нивното претставување, може да се очекуваат доста напредни функции. Тоа значи дека може да се очекуваат повеќе можности од обично прикажување на информации, како на пример целосно додавање на објекти „врз реалниот свет“ направени на начин да изгледаат како вистински „холограми“. Ова е и главната замисла за очилата со измената реалност.

Покрај овие очила, во презентацијата биле најавени и неколку нови верзии од Oculus уредите, односно очилата за виртуелна реалност. Уште оваа година може да се очекуваат Quest 3 очилата, а нови верзии ќе бидат претставувани и во годините што следат.

Од компанијата треба да се очекуваат и Quest очила кои ќе бидат со доста привлечна цена, што и да значи тоа, ќе видиме.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНови знаци дека Microsoft се враќа на тригодишен циклус и ќе го претстави Windows 12 идната година
Следна статијаPhone Link апликацијата во Windows 11 добива поддршка за поврзување со iPhone
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.