Уште еден интересен производ е дел од CES 2023 саемот, производ за кој би било одлично ако се покаже дека функционира точно. Се работи за мал уред за мерење на крвен притисок од американската компанија Velencell, кој се поставува на прстот од корисникот, наместо на зглобот или раката. Од изгледот може да се види дека уредот потсетува на малите уреди за мерење на пулс и кислород во крвта, па може да се замисли практичноста од успешноста на еден ваков производ.

Од компанијата уште му немаат дадено име на овој производ, а се’ уште чекаат одобрување за продажба од страна на FDA. Valencell не се првите кои се обидуваат да го забрзаат и поедностават процесот на мерење притисок, а тие исто така тврдат дека ги имааат решено некои од проблемите поврзани со точноста на мерењето кои ги имаа другите компании.

Уредот на Valencell функционира преку PPG – Photoplethysmogram сензори кои се користат за мерење на пулсот на корисниците, кислородот во крвта, а може да се користат и за други мерења поврзани со кардиоваскуларниот систем. Овој сензор функционира преку пуштање на инфрацрвена светлина со низок интензитет, а зависно од промените во светлината, може да се проценат одредени состојби.

Достапноста на еден ваков уред би направило голема разлика кај луѓето кои треба почесто да го мерат својот крвен притисок. Наместо поголемите апарати, па дури и тие за на згобот од далнката, кои треба да се причека да се наполнат со воздух, па постепено да го испуштат за добивање на мерењата, овој уред би ги давал резултатите многу побрзо.

Останува само да се види точноста на мерењата, за кои од компанијата тврдат дека се доволно развиени да нема потреба ниту од калибрација при првото користење со „вистински“ апарат за притисок.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаSamsung на саемот CES 2023 ја сподели својата визија за мирно и поврзано искуство на користење на уредите
Следна статијаSamsung Electronics ја воведува Bespoke Infinite Line: Новиот фрижидер со вертикална поделба комбинира безвременски дизајн и совршени перформанси
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.