Shutterstock.com

Не би била интересна било која информација за тоа кој телефон го користи Бил Гејтс, односно да се работеше за iPhone или били кој друг стандарден смартфон. Телефонот што го користи Гејтс е еден од најдобрите на пазарот, а на корисниците им овозможува да завршат нешто повеќе работа од класичен смартфон.

Телефонот којшто го користи Гејс е Galaxy Z Fold4, истиот му го има дадено претседателот на одборот на директори на Samsung, како замена за неговиот претходен модел Galaxy Z Fold3. Информацијата Гејтс ја два за време на AMA сесија на Reddit.

Ова е навистина еден од најдобрите телефони на пазарот, а посебно ако сакате нешто повеќе од смартфон. Поголемиот екран на превиткување овозможува да се завршат доста работи без потреба од седнување на компјутер. Поголемиот екран не е подобар само во ситуации кога се гледа некоја видео содржина или слики, па тука е и предноста при работа со документи и слично.

Гејтс додава дека тој останува фан на Microsoft производите, па на Galaxy Z Fold4 ги користи апликациите од оваа компанија, како што е Outlook, Office и слични.

Изборот на телефон на Гејтс е интересен и поради тоа што може да се каже дека Microsoft има еден вид на конкурент на овие уреди преку нивниот Surface Duo. Сепак, Surface Duo користи два посебни екрани и не може да се спореди со екраните кои се превиткуваат.

Според информациите, Microsoft работи на екран кој се превиткува, наместо користење на два екрани кај третата верзија од Surface Duo, па оваа година ќе дознаеме дали е тоа вистина.

На прашањето дали оваа информација е вистинита, Гејтс одговори дека иако тој е информиран за работата на Microsoft, нема информација за каков хардвер е планиран за оваа година.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаApple развива сопствен MicroLED екран кој треба да се користи кај сите нивни производи со тек на време
Следна статијаGalaxy Z Fold5 треба да има многу помала фалта на екранот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.