kinsa

Кога ќе се разболите вие или вашето дете се ангажирате за да ја средите ситуацијата. Прво што се работи е, секако, мерење температура. Ако е покачена, комуницирате со вашиот доктор кој ви дава препораки што да правите (најчесто земање на лекови за намалување на температура како парацетамол).

Иако ова е веќе стандардна пракса, не е доволно прецизна и соодветна во доста од случаите поради тоа што вашиот доктор обично не знае поради што се кренала температурата кај детето (дали се работи за некаков опасен организам или обична настинка) и нема детален преглед за движењето на температурата низ часовите, што ја намалува неговата способност да даде соодветен совет.

За да ја зголемат деталноста на рапортирањето при температура една компанија од Њујорк го создаде Kinsa Smart Ear Thermometer. Нормално, како и се` во оваа доба и овој термометар мора да биде „паметен“ и поврзан со други уреди.

Термометарот има способност да измери температура за само една секунда кога е пикнат во увото, што е олеснувачка околност кога се работи за мали деца кои не можат да седат мирни со стандарден термометар. Тој е поврзан со мобилна апликација и мерењата ги запишува заедно со временскиот печат, па може да се направи анализа како се движела температурата во текот на болеста.

Тука завршуваат „стандардните“ функции на Kinsa Smart Ear Thermometer. Тие што се навистина импресивни се следните. Термометарот ги памти симптомите и лековите кои сте ги земале, за да можете да ги презентирате на вашиот доктор. Дополнително, термометарот преку мобилната апликација дава и совети за што да направите и каков лек да земете во кој момент и тоа базирано на возраст, јачина на треската и други симптоми.

Можеби една од најдобрите карактеристики е и просторното лоцирање на болниот со симптомите. Имено, во облакот се собираат информации од инциденти на болести и нивните симптоми и се споредуваат со другите такви појави во близина за да се открие дали се работи за (зачеток на) епидемија (на пример, вирус) или само инцидент. Ова секако ќе помогне во советите кои може да ги даде апликацијата и во принесувањето на релевантни информации до докторот.

Ако сакате да си купите еден ваков термометар упатете се на Indiegogo страницата каде можете да го нарачате за 40 долари.

Извор: TechCrunch, Global News Wire

Претходна статијаMouthLab – Многу способен здравствен дијагностички уред
Следна статијаУште една колумна за Убер (?!): рекапитулација во 5 чекори