Apple Smart Watch

Apple Smart Watch

За помалку од 24 часа од кога беше најавено дека долго најавуваниот паметен часовник од „Apple“ е достапен на продажба на пазарот се појавија кинески копии од истиот. Копии изведени толку добро што од прикажаните фотографии тешко е да се одреди дали станува збор за оригиналниот паметен часовник или не. Иако за овие копии често се користат фотографии од „Apple Watch“, според луѓето кои веќе купиле еден од нив, разликите се минимални визуелно.

Секако, копиите го немаат логото на „Apple“, и им фалат многу функции зависно од производителот, но за цена од 50 долари и не може да се очекува нешто повеќе.

Иронично, многу од верзиите на копијата од паметиот часовник всушност работат со софтвер „Android“ , но има верзии кои можат да се поврзат и со „iPhone“. Според корисниците кои веќе поседуваат таков, поврзувањето не е секогаш едноставно, но ретко се случува да е целосно неуспешно.

Од функционална гледна точка, часовниците се софтверски модифицирани за да изгледаат речиси идентично како и оригиналниот часовник и повеќето имаат доста функционалности вклучувајќи и вибрации, мерач за отчукувања на срцето, штоперица, аларм, можност за обавување повици и некои додатни функции кои варираат од фирмата која ги произведува.

За тие кои го гледаат паметниот часовник како моден додаток и не се заинтересирани за функционалноста и квалитетот, ова можеби е добра опција, со оглед на тоа што оргиналниот паметен часовник на „Apple“ чини 349 долари.

Извори: The Register, Mashable

Претходна статијаЕдна година офлајн: Експериментот на Пол Милер
Следна статијаБезжичното полнење почнува да се појавува и во автомобилите