iPad Pro може да се каже дека се едни од подобро дизајнираните таблет компјутери на пазарот, а со вклучувањето на М серијата на чипови од Apple, тие се можеби и најдобри кога се во прашање перформансите. Сепак, дизајнот на iPad Pro не е променет веќе неколку години, што значи дека време е да се очекува нешто на тој план од Apple.

Според Марк Гурман од Bloomberg, кој е еден од најмеродавните за вакви информации, промена во дизајнот не треба да се очекува ниту оваа година, а плановите се да се пушти целосно нов iPad Pro идната година.

Тоа што се очекува за идната година е промена на дизајнот на iPad Pro, но не е познато во кој правец, освен тоа дека задната страна можно е да биде изработена од стакло, наместо алуминиум.

Додатно, веќе неколку пати се најавува дека од идната година Apple за првпат ќе почне да користи OLED екрани кај iPad Pro, а верувањата се дека тоа може да биде пренесено и кај MacBook компјутерите.

Интересно ќе биде да видиме во кој правец ќе одат работите зошто покрај гласините за користење на OLED екрани, веќе има гласини дека Apple развива и ќе користи сопствен MicroLED екран.

За iPad Pro исто така се најавува и можноста да добие MagSafe како кај iPhone со што ќе се отвори можноста за разни интересни и корисни додатоци.

Има уште доста време до потенцијалното претставување на нова генерација од iPad Pro идната пролет, па во меѓувреме ќе излезат уште многу нови гласини.

ИЗВОР9to5Mac
Претходна статијаMicrosoft ќе претстане да го продава Windows 10 од крајот на месецот
Следна статијаWhatsApp овозможи испраќање на пораки на самите себе
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.