За сите оние кои имаат голем LCD, LED, Plasma или OLED телевизор кој не е паметен, еве одличен начин да го направат паметен само со еден Ethernet кабел – оној кој го користите за да ги поврзете вашите уреди на вашиот рутер.

InnSpire е компанија која вгради компјутер во еден ваков кабел, кој тие го нарекуваат InnCable. Идејата зад овој кабел е да им овозможи на корисниците Android искуство на кој телевизор и да го поврзат. Кабелот инаку се приклучува на Ethernet порта на вашиот рутер од едната страна, а од другата страна има HDMI приклучок. Се што треба вие да направите е да го приклучите и веднаш ќе имате можност за користење на Android оперативниот систем.

Интересно, покрај тоа што може да се приклучи на Ethernet, InnCable има и вграден Wi-Fi, што значи дека технички може да се приклучи и само во телевизорот, но во тој случај ќе се напојува преку HDMI портата. Во обратната ситуација, овој кабел се напојува преку Ethernet или Power over Ethernet портите на вашиот рутер. На него има и два USB приклучоци, што значи дека лесно ќе може да приклучите маус и тастатура или пак некој паметен далечински управувач.

InnCable ќе ги има истите функционалности кои ги има еден Android TV уред, што значи дека покрај гледање IP телевизија, на него ќе може да ги користите и омилените апликации од Play Store. Сепак, неговата првична намена е за хотелите, но од компанијата планираат да го лансираат и како уред наменет за широките маси. Засега не е позната цената.

Извор: ZDNet, Liliputing, InnSpire

Претходна статијаNintendo ја релансира и ретро Super SNES Classic конзолата
Следна статијаУредите од иднината се флексибилни, се напојуваат од топлината на телото и сами се поправаат