Неколку години веќе се чека на тоа кога Google ќе претстави уред со екран кој се превиткува. Минатата година шпекулациите се засилија најавувајќи дека таков уред од компанијата планираат за оваа година, па сега почнуваат да излегуваат и повеќе информации за тоа.

Според TheElec, Samsung Display ќе започне со производство на OLED панелите потребни за уредот со екран кој се превиткува на Google во октомври, а се најавува дека е можно уредот да го користи и тенкото стакло од Samsung кое го штити панелот.

Доколку оваа информација се покаже како точна, во октомври, покрај новите Pixel 6 уреди, можеме да го очекуваме и претставувањето на Pixel Fold. Ова име секако не е официјално, но се верува дека тоа ќе биде името кое од Google ќе го користат.

Според информациите, Samsung Display нема да започне со производство на панелите само за Google, односно имаат нарачки и од Xiaomi и Vivo.

Ова значи дека оваа година можеме да очекуваме повеќе нови модели на уреди со екран кој се превиткува, нешто што сигурно ќе донесе и до делумно барем намалување на високите цени кои тие сега ги имаат.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаСојузот на стопански комори издава меѓународен сертификат „Safety Travel Stamp“
Следна статијаНосталгија со Cobra Kai
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.