LG

Познатиот Еван Блас излезе со информација поврзана со Google и претставувањето на нови Pixel уред кои треба да се случи оваа есен. Според него, поточно според сигурен негов извор, Google ќе претстави паметен часовник на есенскиот настан, покрај новите верзии од Pixel телефоните.

Часовникот се разбира би работел на Wear OS оперативниот систем кој беше преименуван вака оваа година од Android Wear.

Претставување на паметен часовник со брендот на Google Pixel е можеби логичен чекор од страна на компанијата. Паметните часовници никогаш не ја добија очекуваната популарност, а првото место во продажба на истите убедливо го држи Apple со околу 20% пазарен удел според некои информации.

Паметен часовник под Pixel брендот може да придонесе кон поголема популарност на овие уреди генерално, а и зголемување на пазарниот удел на Android оперативниот систем на овие уреди.

Во оваа фаза нема дополнителни информации за тоа каков би бил часовникот, кој би го произведувал, како и тоа какви карактеристики може да има. Она што е важно е дека Google сака повеќе да навлезе на овој пазар кој иако моментално ја нема саканата популарност, со тек на време тоа ќе се промени.

Претпоставувам дека главната причина за помалата популарност на паметните часовници е потребата од често полнење на уште еден уред, покрај мобилните, уред којшто реално не донесува голема вредност, а посебно кога ќе се земат во предвид цените. Apple успева да направи најголеми продажби, меѓутоа како и често со производите со логото на Apple, луѓето ги купуваат за „престиж“, а не од што им се неопходни.

ИЗВОР 2Mashable
Претходна статијаДоналд Трамп најави дека работи на враќање на ZTE во функција
Следна статијаКакви промени најави Google за Google Maps?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.