Фото: 9to5Google

Познатиот Chromecast од Google, кој на многу корисници им овозможи да можат ја пуштаат својата содржина од мобилните на телевизор, а подоцна и целосно модерно „стриминг“ искуство, во својата наредна генерација изгледа ќе го направи логичниот чекор. 

Chromecast with Google TV веќе нема да биде „спакуван“ во форма на „стикче“, па корисниците ќе добијат целосен уред кој ќе можат да го постават пред телевизорот. 

Најавите се дека овој уред ќе биде во форма на таканаречените „set-top“ уреди со што може да се каже дека Google ќе се приклучи на стилот на нивниот конкурент, односно во стилот на Apple TV. 

Информацијата за ова доаѓа од 9to5Google кои објавуваат и слика за тоа како треба да изгледа новиот уред. Дали неговата форма и изглед носат и дополнителни функции не е познато, па истото може да биде само естетска одлука.

Google Chromecast не е официјално достапен во нашата земја, но тоа не значи дека не може да се купи, па можно е и новата генерација да биде достапна преку некоја од продавниците.

ИЗВОРAndroid Authority
ИЗВОР 29to5Google
Претходна статијаМакедонските Microsoft и Adobe шампиони, со поддршка на реномирани домашни компании патуваат на светскиот натпревар во Анахејм, Калифорнија
Следна статијаАтлантик Група: Силен раст на приходите од продажба и профитабилност
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.