Galaxy Z Fold6, кој беше претставен во Париз минатата недела, веќе е најтенкиот Z Fold од Samsung, со што уредот станува многу повеќе практичен и удобен за користење.
Според неофицијални извори, Galaxy Z Fold7, односно наредната генерација од уредот, треба да биде уште потенка, а тоа посебно би дошло до израз кога уредот е затворен.
Дебелината кога уредот е затворен треба да дојде до ниво на „обичните“ смартфоните, односно до ниво слично со Galaxy S24 Ultra телефонот.
Моментално Galaxy Z Fold6 кога е затворен има дебелина од 12,1 милиметри, додека Galaxy S24 Ultra 8,4.
Новата генерација од „фолд“ не мора да биде баш со оваа дебелина, но се најавува слична, нешто што дефинитивно го привлекува моето внимание.
Во ваков случај, Galaxy Z Fold серијата ќе стане многу повеќе привлечна за поголем број на корисници кои би можеле уредот да го користат како класичен смартфон и да не забележат некоја голема разлика.
За ситуациите кога им е потребен мал таблет компјутер ќе дојде до израз револуционерниот дел од овој уред, па ќе можат да го отворат и да работат на нешто посериозно или едноставно да гледаат видеа и слики.
Има време до наредната генерација од „фолд“, па ќе видиме дали овие неофицијални најави ќе се остварат.