За време на претставувањето на новата iPhone 16 серија, Apple ја претстави и четвртата генерација од AirPods слушалките кои сега доаѓаат со верзија со ANC. Pro моделот кој е стигнат до втората генерација не доби нова, но затоа доби неколку нови функции кои може да се каже дека ќе бидат доста популарни кај корисниците.
Apple презентираа три нови функции за AirPods Pro 2 кои се поврзани со слухот, кои вклучуваат заштита на слухот со намалување на штетните и гласни звуци, тест за слух кој ќе ги прикажува резултатите во Apple Health и на крајот најголемата од сите, функција која ги претвора слушалките во слушни апарати.
Очекувано од компанијата дадоа големо значење за можноста AirPods Pro 2 да се користат како слушни апарати, а доколку тие се покажат како навистина ефикасни, ќе значи можност за многу луѓе да дојдат до поевтини апарати кои можат да ги користат за повеќе активности.
Уште за време на презентацијата од компанијата најавија дека чекаат авторизација за оваа новина од страна на американската FDA, па истата сега е официјална. Од администрацијата оваа нова функција ја нарекуваат првата за која не е потребен рецепт, односно без потреба од лекарска насока.
FDA ја има тестирано функцијата на 118 лица кои имаат од послабо до средно оштетување на слухот и нивните резултати покажале дека AirPods Pro 2 овозможуваат слични резултати со професионалните слушни апарати.
Засега оваа новина не е достапна во нашата земја, а ќе следиме да видиме кога би можела да почне да се користи.