Трекери, еве уште една направа од Вашиот омилен научно фантастичен серијал, која го здогледува светлото на денот. Добро, DxTER можеби не е толку близу до дизајнот на трикордерот, но има многу од медицинските можности на таа направа. И најдобро од се, корисниците ќе можат сами да ја користат, односно ќе можат да ја поврзат со смартфон или таблет. Овој систем е добитник на Tricorder XPrize наградата на Qualcomm, која се доделува на уреди токму со оваа намена.

Во DxTER системот се вградени неколку инструменти за проверка на организмот. Така, има спирометар, кој може да го провери капацитетот на белите дробови, Моно тест кит (тест за мононуклеоза), монитори за отчукувањата на срцето и дишењето со медицинска прецизност, термометар и стетоскоп. Да потсетам, ова е систем на различни уреди за испитување на организмот, а не еден уред како во Star Trek.

Секако, DxTER нема можност да ги испитува сите болести и да кажува информации на клеточно ниво – таква технологија е уште многу, многу далеку од нашите можности. Сепак, Star Trek една работа предвиде добро, а тоа е моќноста на компјутерите во поглед на преработката и приказот на информации.

Идејата за DxTER е да може да му ги прикаже информациите на корисникот, без да има потреба од доктор. Затоа, таа доаѓа со дополнителна апликација, која резултатите ги објаснува на најлесен можен начин, како еден вид на виртуелен доктор.

Исто така, овие информации потоа би можеле да се користат од докторите, односно здравствените установи, со цел полесно да се воспостави целосна дијагноза, а и за да се следи здравјето на корисникот.

Извор: Engadget, ARS TechnicaXPrize

Претходна статијаСо Google Maps никаде не сте странец
Следна статијаMastercard платежни картички со скенер за отпечатоци