Две години се поминати од почетокот со работа на новата компанија која ја основа Карл Пеи, ко-основач на OnePlus, a Nothing веќе претстави под-бренд кој треба да носи на пазарот поевтини производи.

Потребата од ваков бренд можеби се јави поради покачувањето на цената на Nothing Phone (2) која дојде очекувано по вградувањето на компоненти од повисоката класа, а тоа се случи по барање на корисниците.

Од компанијата очигледно планираат да продолжат со иновација и претставување на уникатни производи под брендот на Nothing, а новиот под-бренд CMF ќе биде тука за производите со пониска цена.

При презентацијата на CMF by Nothing беше најавено дека од компанијата планираат да ги претстават своите први производи до крајот на годината, а сега изгледа ги имаме првите три од нив.

Според објава на X, до крајот на идниот месец CMF ќе претстави три производи, не сите достапни во целиот свет. Истите вклучуваат паметен часовник, слушалки за во уво, како и 65W GaN полнач.

Сите овие производи треба да дојдат со прилично ниски цени, а ќе понудат карактеристики кои ќе го привлечат вниманието на пазарите каде се достапни.

За слушалките се најавува дека ќе дојдат со доста способно поништување на бучавата до 45db, заедно со динамичен бас.

Часовникот, треба да дојде со 1,96 инчен AMOLED екран и со сите потребни фитнес функции.

Карактеристична за овие производи ќе биде и бојата, која при најавата видовме дека ќе биде портокалова. Бојата ќе се користи, како што може да се види од неофицијалните слики, на целите уреди, па веднаш ќе може да се знае за кој бренд се работи.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаChange Academy: Change your Career Days – вистинска шанса за промена на вашата кариера
Следна статија„Макпетрол“ стана кум на куќа со згрижувачко семејство со пет деца во СОС Детско село
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.