Bringrr

Kickstarter проектот – Bringrr e универзален USB полнач за во автомобил, кој освен што ќе ги полни вашите уреди, ќе ве потсетува доколку сте заборавиле да понесете одредени предмети со вас.

Bringrr користи систем на тагирање кој функционира со помош на Bluetooth тагови кои се прикачуваат на предметите кои не би сакале да ги заборавите кога излегувате од дома. При стартување на вашиот автомобил, Bringrr проверува дали вашиот телефон и сите тагирани предмети се со вас. Доколку сте заборавиле нешто, Bringrr ќе ве извести за тоа преку апликација на вашиот телефон каде ќе специфицира за кој предмет се работи. За предмети кои повремено ги носите со вас, може преку апликацијата да наместите Bringrr да проверува за нив и да ве известува само во одреден период.

Bringrr1

Функцијата на Bringrr не е ограничена само на потсетување. Надвор од вашиот автомобил, Bringrr таговите ќе ви помогнат да ги пронајдете изгубените тагирани предмети.

Преку Bringrr апликацијата можете да ги лоцирате тагираните предмети на растојание до околу 50 метри. Апликацијата ќе ве одведе до местото каде што се наоѓа изгубениот предмет, а за полесно да го најдете, може да побарате и звучно известување од прикачениот таг.

Bringrr2

Доколку апликацијата неможе да го лоцира тагираниот предмет, имате опција истиот да го означите како изгубен. Ова дискретно ги активира сите Bringrr корисници во потрага по вашиот предмет, така што доколку некој случајно се најде во негова близина, преку вашиот телефон ќе добиете анонимно известување за локацијата на изгубениот предмет.

Bringrr во моментов има собрано околу 73.000 долари, само 2.000 помалку од проектираните 75.000 долари на Kickstarter со 14 преостанати дена. Доколку проектот се реализира, Bringrr полначот ќе се продава по цена од 39 долари, односно 49 долари во комплет со тагови.

Извори: techcrunch.com; kickstarter.com

Претходна статијаMicrosoft припрема нови Surface уреди
Следна статијаSony го најави Xperia Z1 Compact