Десеттата верзија од Apple Watch, кој беше првпат претставен во април 2015 година, треба да биде претставена идната година. Досега информациите говорат дека оваа верзија ќе биде целосно редизајнирана, односно Apple планира промени за јубилејната верзија.

Марк Гурман од Bloomberg сега најавува што дополнително може да се очекува идната година, но и во тие што следат, а работите се очекува да одат во правец на доста посериозни здравствени функции.

Според него, Apple Watch ќе добие можност за мерење на крвниот притисок на корисниците, како и откривање на апнеја при спиење.

На ова треба да се додаде и најавата за мерење на шеќерот во крвта, но според Гурман, ова е нешто што може да се очекува за неколку години, но не идната.

Истиот систем се очекува да се користи и за мерењето на притисокот, а истиот вклучува ласери кои емитуваат во одредени бранови должини на светлината во делот под кожата каде што се собира таканаречената интерстицијалната течност.

Сепак, Apple Watch нема да може да биде замена за апаратите за притисок, па часовникот ќе укажува само на трендовите, па корисникот ќе може да го потврди тоа преку некој од класичните апарати.

Од овие најави се гледа дека Apple сака нивниот паметен часовник да стане доста клучен за раното откривање на доста здравствени проблеми, нешто што е клучно за успешното спречување и лечење.

Мерењето на крвниот притисок, како и шеќерот, за во иднина се очекува дека ќе биде точно, без потреба од користење на класичните апарати.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаSamsung Electronics глобално воведе привремена резервна копија во облак
Следна статијаУште две општини со 19 училишта ќе бидат дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.