На претставувањето на резултатите од работењето на компанијата, Tim Cook најави дека планираат да почнат со продажба на Apple Watch од Април оваа година. Apple Watch беше претставен во Септември минатата година, а достапноста беше најавена за рано во 2015 година.

Од тоа што беше најавено може да се очекува дека паметниот часовник од Apple ќе се продава одлично, барем кај корисниците на некој од другите нивни производи. Карактеристично за Apple, часовникот е направен со внимание на дизајнот и квалитетот на изработка, а оперативниот систем е специјално прилагоден за работа на вакви уреди.

Apple Watch ќе доаѓа во три различни верзии, односно во основна, спорт и посебна edition верзија која што ќе биде прилично поскапа и направена од злато и сафир. Основната верзија ќе биде направена од нерѓосувачки челик, додека спорт верзијата од алуминиум.

Што се однесува до карактеристиките, Apple Watch ќе ги вклучува сите кои што се веќе очекувани од еден ваков производ. Па така, преку часовникот ќе може да се проверуваат нотификациите на iPhone, да се слуша музика, да се следат фитнес активностите преку вградените сензори меѓу кои и мерачот на пулс и повеќе.

Apple Watch ќе нуди избор на повеќе стилови на прикажување на времето, ќе може да се контролира со гласовни команди преку Siri, ќе бидат достапни повеќе апликации, а се најавува одлична соработка со програмерите кои што треба да претстават повеќе апликации за часовникот. Доколку се земе стилот на апликациите на iOS платформата, може да се очекуваат навистина интересни и добро дизајнирани апликации и на часовникот.

Цената е една од работите која што останува поточно да ја дознаеме во Април, а на претставувањето баша најавена само стартната цена од 349 долари.

Извор: The Verge, Cnet

Претходна статијаПрвата серија од Xiaomi Mi Note распродадена за неколку минути
Следна статијаНеколку идеи за модерни старт-ап бизниси во РМ – дел 2
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.