Неофицијални информации најавуваат три нови Apple Watch модели за оваа година. Без некој посебен редизајн ќе остане Watch Series 11, а истото се очекува и од третата генерација на Watch Ultra. Третиот модел кој се очекува за оваа година е Watch SЕ, кој ќе биде единствениот кој ќе дојде со редизајн, но тоа е и очекувано со оглед на застареноста на последниот модел.

Задржувањето на изгледот на часовниците сепак не би требало да е проблем поради фактот што Apple Watch Series 11 и Watch Ultra 3 се најавува дека оваа година ќе ја добијат една од најмногу очекуваните функции, поврзани со здравствените мерења. 

Марк Гурман е тој кој го најавува додавањето на известувања за покачен крвен притисок кај овие два модели. Нешто слично како со сега достапните мерења на температурата и на апнеја при спиење, часовниците само ќе го известуваат корисникот дека има покачен притисок, но нема да му бидат достапни точните мерења, односно тие нема да бидат замена за апаратите за мерење на притисок. 

Со оглед дека сепак се работи за часовници, логично е дека повеќето здравствени мерења се тука за да го насочат корисникот, а доколку нешто изгледа дека не е како што треба, тој ќе знае дека треба конкретно да се провери со друг апарат или на доктор. 

Додавањето на една ваква функција ќе ги направи часовниците од Apple навистина корисни и вистински здравствени уреди, па единствената работа која ќе остане да биде додадена е мерењето на шеќерот во крвта. 

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2BGR
Претходна статијаMeta започна со имплементација на Белешки од Заедницата во нивната Threads мрежа
Следна статијаДоставата – најголемиот предизвик за е-трговците во Македонија и Западен Балкан
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.