Марк Гурман, стандардно со неговите информации и предвидувања, сега најавува дека Apple работи на сопствен дизајн за MicroLED екран. Овој вид на екрани се сметаат за можеби и најдобри, овозможувајќи доста подобра светлина, бои и агли на гледање, заедно со одличниот контраст кој обично се асоцира со OLED.

Според Гурман, Apple целосно ќе го дизајнира овој екран, исто како и нивните чипови, а со тоа ќе престане да зависи од нивните конкуренти за нивна набавка.

Првиот уред кој се најавува дека ќе го користи новиот екран е Apple Watch Ultra, верзијата која треба да биде претставена во 2024 година. Потоа се очекува и останатите уреди од компанијата да почнат да доаѓаат со овој екран, односно ќе се користи кај iPhone, iPad и кај Mac.

Тоа што не е сигурно е колку време ќе се чека за сите производи да го добијат екранот, па може да бидат и години измеѓу.

Како и да е, доколку информациите на Гурман се точни и Apple почне да ја користи MicroLED технологијата, нивните уреди ќе бидат едни со најдобрите екрани на пазарот.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаApple пушти неколку од своите апликации на Windows 11
Следна статијаКој е главниот телефон кој го користи Бил Гејтс
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.