Фото: Shutterstock.com

Додека го чекаме влезот на Apple на пазарот на смартфони кои се преклопуваат, информациите упатуваат во друг правец кој наводно го планираат од компанијата.

Според аналитичката компанија CSS Insight и нејзиниот претставник Бен Вуд во интервју за CNBC, Apple прво ќе претстави iPad со екран кој се преклопува, па подоцна може да се очекува и iPhone.

„Во овој момент нема смисла Apple да направи преклоплив iPhone. Ние мислиме дека тие ќе го отфрлат овој тренд и најверојатно ќе се пробаат прво со преклоплив iPad. Преклоплив iPhone би бил супер ризичен за Apple. Прво, ќе мора да биде многу скап за да не ги собере другите iPhone-и.“ – истакна Бен Вуд во интервјуто за CNBC.

Според него, Apple ќе го претстави овој iPad во 2024 година, а аналитичарот Рос Јанг верува дека тоа сепак ќе се случи 2-3 години подоцна.

Јанг исто така смета дека преклопливиот iPad ќе има екран со големина од 20 инчи, нешто што неколку пати веќе се споменува како можност, а сега во контекст на екран кој би се преклопувал, има и повеќе логика.

Apple се познати по тоа дека чекаат нешто да стане навистина достапно во одлична форма пред тие да претстават таков производ, а „експериментирањето“ го оставаат на своите конкуренти кои немаат проблем да пуштат на пазарот дури и проблематичен производ.

Од компанијата потоа се критикувани за преземање на работи од Android или за големо доцнење, но затоа никој не може да негира дека тоа што Apple подоцна го претставува е најчесто доста подобро од конкурентните изведби.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2CNBC
Претходна статијаBeta верзијата од DuckDuckGo прелистувачот за Mac достапна за сите корисници
Следна статијаЕТНО го одржа Генералното собрание и ја одобри стратешката ориентација и управувањето за 2023 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.