Фото: Shutterstock.com

Седум години од првите најави за претставување на уред за проширена и виртуелна реалност, изгледа конечно оваа година ќе биде таа кога од Apple ќе го претстават овој уред. Според Марк Гурман од Bloomberg, по одложувањето на првичниот план ваков уред да биде претставен овој месец, сега уредот може да се очекува за во пролет. Продажбата би почнала од оваа есен, а нешто посебно ново од другите производи од компанијата не треба да се очекува.

Apple веќе го има прикажано уредот на мал број на програмери, а тоа секако е важно затоа што овој уред ќе има посебен оперативен систем, посебни апликации, па при претставувањето ќе мора да има барем дел од нив.

Тоа што до некаде разочарува е најавата од страна на Гурман дека поради насочувањето на поголемо внимание на уредот за проширена реалност, оваа година не треба да се очекуваат некои посебни новини од другите производи. Ова важи и за оперативните системи за кои се најавуваат помалку новини од планираното, што значи дека корисниците не треба да очекуваат нешто посебно од iOS 17 и macOS 14.

Веќе можевме да прочитаме дека Apple го има откажано Mac Pro со доста посилна верзија од нивниот M2 чип, па може да се очекува компјутер со истиот дизајн како претходниот со верзии од M2 кои нема да бидат значително посилни од претходните верзии.

Во основа, Марк Гурман најавува прилично неинтересна година од Apple, со исклучок на уредот за проширена реалност кој можно е да биде наречен Reality Pro.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаSamsung Electronics ја воведува Bespoke Infinite Line: Новиот фрижидер со вертикална поделба комбинира безвременски дизајн и совршени перформанси
Следна статијаMicrosoft се откажа од прикажувањето предлози за веб страни во Старт менито на Windows 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.