Почнувајќи од утре, Apple прво ќе ја прекине онлајн продажбата на нивните два најнови паметни часовници претставени пред неколку месеци, а од 24 веќе истите нема да се нудат ни во продавниците.

Причината за тоа е изгубениот спор пред ITC каде компанијата Masimo тврди дека Apple користат технологија која е патентирана од нивна страна. Технологијата се однесува на таа за мерење на кислородот во крвта, иако двете компании имаат спор за повеќе работи.

Од Masimo дури истакнуваат дека Apple има преземено повеќе вработени од нивната компанија, по што истите почнале да работат на истата технологија која веќе се развива. Apple еден период дури сакале да ја купат оваа компанија, но без успех.

Според најновите информации, Apple се подготвуваат да направат одредени измени во алгоритамот за мерење на кислородот во крвта, со надеж дека ќе можат да ја избегнат забраната за продажба.

Не е јасно засега дали тоа би било доволно, истото ќе треба да биде одлучено од страна на ITC, но прво да видиме дали навистина од компанијата подговтуваат нешто такво.

Измена и во хардверот е нешто што би земало неколку месеци, па јасно е дека од Apple би сакале да можат да ги продаваат часовниците во време кога се празниците, кога и најмногу се троши.

До 25 овој месец останува и можноста претседателот на САД да го искористи своето право за вето на одлуката на ITC, но поради реткоста на користење на оваа можност, не се очекува дека би се случило нешто на тој план во наредните неколку денови.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаФИТР и УСАИД Активноста за млади, кои активно созадаваат можности, со нов предизвик за „Воспоставување на центар за обука за зелени работни места”
Следна статија„Макпетрол“ донира новогодишни подароци за дечињата од куќата „Верна“ во СОС Детско Село
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.