Far Out настанот Apple го започна со претставување на Apple Watch Series 8, кој на прв поглед на делува дека е нешто различен од ланската верзија. Што се однесува до дизајнот, тоа е вистина, па новите функции се повеќе поврзани со сензорите и софтверот.

Повеќе пати можевме да прочитаме дека Apple Watch Series 8 ќе дојде со сензор за телесната температура, но беше истакнато дека тоа нема да биде баш за класично мерење.

Функцијата за мерење на температурата е наменета да се користи во главно од страна на женските корисници, поточно е поврзана со следењето на месечниот циклус кај жените. Замислата е да часовникот во текот на денот ја следи температурата, а корисниците да ги следат варијациите. Од овие информации може да се добијат подобри информации за циклусот, како и можните проблеми со истиот.

Втора функција која доаѓа со Apple Watch Series 8, а исто така слушнавме за истата преку гласините, е Crash Detection. Оваа функција е надоградба за веќе достапната Fall Detection, која сега се проширува со можноста за откривање на автомобилски незгоди.

Како и со другите вакви функции, Apple Watch потоа може да ги повика избраните контакти или итните служби.

Apple исто така ја истакна и новата функција за заштеда на батеријата која кога е вклучена може да овозможи до 36 часа користење на часовникот без да треба да се дополни, што за Apple Watch е доста повеќе од обично.

Претходна статијаQualcomm ги претстави Snapdragon 6 Gen 1 и Snapdragon 4 Gen 1 чиповите за доста подобри перформанси во средната и ниската класа
Следна статијаApple го претстави Apple Watch Ultra наменет за планинарите и останатите спортисти
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.