Фото: Shutterstock.com

Apple треба да го претстави својот прв нов уред после повеќе години, уред/очила за проширена и виртуелна реалност, во јуни оваа година на WWDC конференцијата. За овој уред се пишува со години, па и јунската најава не е целосно сигурна, односно доаѓа како неофицијална најава од Марк Гурман од Bloomberg, кој сепак најчесто е во право.

Дека денот кога Apple ќе го претстави овој свој нов уред се ближи се смета повторно неофицијалната информација која ја објавува Гурман во најновата верзија од неговиот билтен „Powe On“. Тој истакнува дека минатата недела, тимот кој работи на развојот на уредот ја има презентирано најновата верзија пред 100 од најважните менаџери во компанијата.

Собирот за презентацијата бил направен во Steve Jobs Theater во главната зграда на компанијата во Купертино, Калифорнија. Менаџерите, кои се нарекуваат топ 100, не е првпат да го гледаат овој уред, а наводно тие добиваат презентација секоја година од 2018, па навака.

„Но, овој пат беше поинаку. Претходните демонстрации беа со пониска важност, со цел да се покаже напредок и да се обезбеди поддршката потребна за да се продолжи. Најновиот преглед се одржа во театарот Стив Џобс, најголемата просторија за презентации на Apple, што сугерира дека јавното претставување се ближи.“ – истакнува Гурман. „Демонстрациите беа извонредни, блескави и возбудливи, но многу директори се со „јасни очи“ за предизвиците на Apple кои се наметнуваат на овој нов пазар.“

Се верува дека првата верзија од уредот, која треба да чини 3000 долари, нема да биде баш најдобра, кратко кажано. Истата ќе има одредени недостатоци, како што се недоволно апликации, ќе мора често да се полни со надворешна батерија, а според некои од вработените, уредот не е доволно удобен за носење.

Гурман верува дека овој уред од Apple, кој е можно да го носи името Reality Pro или Reality One, сепак ќе биде популарен и ќе биде главниот на пазарот.

Наредните верзии се очекува да ги тргнат повеќето недостатоци, а и треба да се продаваат со пониска цена, можеби и дури дупло пониска.

Очекувањата на Гурман се дека овој нов уред ќе го следи патот на Apple Watch, уред кој не започна баш најдобро, но сега е еден од главните на пазарот на паметни часовници.

Очекувањата на Apple, според Гурман, се да продаде милион уреди од првата верзија, но сепак без голема заработка.

Претходна статијаФИТР со нов јавен конкурс за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст
Следна статијаMicrosoft Teams добива нова верзија која е побрза, поефикасна и ја интегрира вештачката интелигенција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.