Не е првпат да прочитаме дека Apple конечно ќе почне да користи OLED панели кај нивните iPad Pro уреди, па ако се тргнат на страна сепак веќе одличните перформанси, тие тогаш навистина би можеле целосно да ја заслужат Pro ознаката.

Apple не само што не користи OLED кај iPad Pro, ланските модели со М2 чипот се’ уште доаѓаат поделени, односно 12,9 инчниот модел доаѓа барем со Mini LED, додека 10,9 инчниот модел со LED екран.

Сега повторно можеме да прочитаме за тоа дека Apple дефинитивно ќе почне да вградува OLED екрани кај нивните iPad Pro таблет компјутери од идната година, па информациите се дека тие веќе ги имаат и нарачано панелите.

Два производители се избрани за нарачката, а тоа се LG и Samsung, додека кинеската BOE не успеале да влезат во оваа нарачка. Според информациите, иако не се знае нарачаната количина, планот е да се подели производството по пола помеѓу двете јужнокорејски компании.

Тоа што дополнително се додава како можност е мало зголемување на екраните, без зголемување на димензиите на уредите, односно со намалување на рамката. Ова значи дека идната година година iPad Pro можно е да има екрани со големина од 13 и 11,1 инчи, но останува да видиме.

Можевме да прочитаме дека Apple сака да развие сопствен екран кој ќе ја користи micro LED технологијата, но не е познато дали тоа продолжува да биде план, а и кога би почнале да ги користат овие екрани кај нивните производи.

Покрај очекувањата за iPad Pro со OLED, има најави дека може ваква промена да очекуваме и кај MacBook линијата, односно кај MacBook Air и MacBook Pro компјутерите.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статија„Rabbit Hole“ со Кифер Сатерленд на SkyShowtime од 31 март
Следна статијаМакедонски Телеком со стабилен раст во 2022 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.