Фото: Shutterstock.com

Во својот најнов неделен билтен поврзан со информации од светот на Apple, Марк Гурман ни открива неколку уреди за кои од компанијата размислуваат дали да ги развиваат.

Се работи за два целосно нови уреди, како и надградба на веќе постоечки, односно за развој на фитнес прстен, каков што Samsung претстави оваа недела, потоа паметни очила, како и додавање на камери и вештачка интелигенција кај AirPods слушалките.

Двата нови уреди се’ уште не се во развој, па тие во компанијата се само дел од процесот на размислување и одлука. Очилата изгледа има поголема шанса да бидат развиени, па според Гурман тие се во таканаречената „истражување на технологијата“ фаза.

Овие уреди треба да бидат надополнување на групата на носиви уреди, односно да го надополнат Apple Watch и да овозможат фитнес и здравствени функции. Тоа посебно важи за прстенот кој посебно би им се погодил на корисниците кои сакаат да ги мерат своите фитнес активности, но не сакаат да носат цел паметен часовник или воопшто било каков додатен уред кој треба да се полни секој ден.

Гурман информира и за тоа дека во Apple се размислува и за додавање на камери кај AirPods слушалките кои со помошта на вештачката интелигенција би можеле да имаат нови функции. Тие дури би можеле да бидат и делумна замена за паметни очила, кои корисниците доста често ги користат за снимање на околината и слични активности.

Засега, истакнува Гурман, нема знаци дека овие производи би биле развиени и пуштени на пазарот. Технологијата за истите да бидат доволно добри, а тоа посебно важи за очилата, е на уште 2-3 години до остварување, но никогаш не се исклучува можноста да ги видиме некогаш во иднина.

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаNothing го прикажа Phone (2a) кој ќе биде официјално претставен на 5 март
Следна статијаAlways-on екран кај двата основни iPhone модели може да се очекува дури од идната година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.