Фото: Shutterstock.com

Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо, кој најчесто може да му се верува на предвидувањата, најавува дека Apple идната година ќе претстави iPad со екран на преклоп.

Овој iPad би претставувал влез на компанијата на пазарот на уреди со екрани кои се превиткуваат, а при крајот на минатата година можевме да прочитаме дека Apple планира вакво нешто пред истата технологија да ја примени кај iPhone.

Куо не е првиот кој овој iPad го најавува за идната година, иако според некои такво нешто би се случило дури 2-3 години подоцна. Сепак, веруваме дека можно е идната година да биде годината кога Apple ќе влезе на овој пазар, па ќе биде интересно да видиме што ќе се случи.

iPad уредот на преклоп би дошол со држач кој е направен од јаглеродни влакна, што значи може да се очекува лесен и издржлив производ. Овој држач би требало да се продава посебно, односно не сме виделе до сега Apple да вклучи вакво нешто во било кој од нивните производи.

Куо не очекува некои посебни претставувања оваа година кога е во прашање iPad таблетот, а за идната година се најавува и нова верзија од iPad mini.

iPad кој се преклопува се најавува дека би дошол со прилично голем, 20 инчен екран кога е отворен, а тоа е и очекувано, не гледаме причина Apple да претстави стандарден iPad кој ќе се намали само за полесно пренесување.

За iPad има и дополнителни најави, а тоа е дека ќе добие редизајн, како и дека ќе почне да се користи OLED екран, конечно.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаНајевтиниот Galaxy S23 модел можно е да дојде со побавен простор за податоци
Следна статијаДелот за „виџети“ во Windows 11 сега може да биде прикажан на целиот екран
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.