Колегата Бојан веќе објави една добра листа на најдобри филмови кои ги гледал во 2019. Еве моја листа на серии, со фокус само на научна фантастика.

1 – The Boys

Најдобрата СФ серија која ја гледав во 2019. The Boys е серија на Amazon според истоименуваниот стрип на Гарт Енис (познат и по Preacher) каде што суперхероите се „лоши момци“. Корпоратизам, маркетинг, суперхерои.

Оценка: 5/5 (must watch)

2 – Castlevania

Castlevania e анимирана серија за Дракула на Нетфликс – инспирација е видео игра на иста тема. Иако првата сезона излезе во 2016 а втората во 2018, серијата нема голема популарност, така да, за мене беше новина во 2019.:)

Оценка: 3/5 (solid, fun)

3 – Love, Death & Robots

Станува збор за нова антологија, т.е. кратки анимирани СФ-хорор приказни режирани од Дејвид Финчер (Alien 3Fight Club, итн.) и Тим Милер (Deadpool). Приказните се кратки (од ~6 па макс. до 20 мин.) и секоја е засебна со придонес од различни автори (Wired има препорака по кој редослед да се гледаат ако не ви се гледа од прва до последна). 

Пишував посебен review за серијата претходно.

Оценка: 4/5 (highly recommended)

4 – Dark (s02)

Втората сезона од познатата германска серија на Нетфликс за парадоксите на патување низ времето. Феноменална. Квалитетот е задржан. Едвај чекам да излезе последната, трета сезона.

Оценка: 5/5 (must watch)

5 – Mandalorian

Првиот хит на новиот стриминг конкурент на Нетфликс, Disney+. Станува збор за еден вид на вестерн-стил (American space-western) приказна од универзумот на Star Wars, временски позиционирана 5 години пред Return of the Jedi односно пред Империјата да го направи Death Star со цел да ги уништи бунтовниците.

Многу подобро темпо, карактери од The Witcher. Плус нема чизи моменти.

Оценка: 3/5 (solid, fun)

Претходна статијаКој го измисли Apple?
Следна статијаFacebook почнува да го пушта својот нов дизајн, а ќе им биде достапен на сите корисниците пред пролет оваа година
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.