graphic_StandardizationPluggableLocalAuth

Windows 10, оперативниот систем кој што е се’ уште активно во развој, ќе вклучува поддршка за автентикација на сервисите преку биометриски скенери. Автентикацијата доаѓа од FIDO Alliance, непрофитната организација која што е поддржана покрај од Microsoft и од Google, PayPal, Bank of America и уште неколку компании.

Тоа значи дека најавувањето на одредени сервиси, како и самиот оперативен систем ќе може да се врши со користење на отисоците од прстите, очите, лицето, како и преку гласовна команда. Уредите од FIDO иако се наменети да го заменат целосно користењето на лозинки, тие можат да се користат и како уреди за дво факторска автентикација, нешто што Google го воведе за најавување на нивните сметки.

Воведувањето на оваа поддршка во Windows 10 сепак е повеќе насочена и ќе ги интересира компаниите. Тие располагаат со големи мрежи и компјутерски системи, за разлика од обичните корисници за кои што имплементација на вакви уреди може да биде и не толку евтина и едноставна активност.

Поддршката на Windows 10 се однесува на втората верзија од FIDO техничките спецификации кои што исто како оперативниот систем од Microsoft, се се’ уште во развој и тек ќе биде достапни.

Инаку, FIDO Alliance, односно Fast Identity Online е непрофитна организација која што работи на развојот на автентикација без користење на лозинки, односно преку користење на уреди. Според одредени групи, овој начин на автентикација на сервисите може да претставува потенцијален проблем, поради можното пробивање на биометриските уреди, како и опасноста од нивно губење. Како и да е, овој начин на автентикација не може да понуди полоша сигурност од лозинките кои што често се едноставни, а корисниците исто така не ретко ги забораваат.

Извор: Microsoft, ZDNet, PCWorld

Претходна статијаVaio лаптопите се враќаат на сцената со два нови модели
Следна статијаOffice со поддршка за повеќе cloud сервиси
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.