Замислете дека викате такси преку апликација на вашиот смартфон и за 5 минути пристигнува автомобил без возач во него. Влегувате, автомобилот почнува да се движи и ве носи до вашата дестинација, повторно, без возач зад воланот. Waymo, одделот на Alphabet (компанијата мајка на Google) го постигна токму ова, по долги години тестирање на технологијата за автономно возење.

Веста дека возилата на Waymo веќе се движат на јавните патишта без возач зад воланот ја објави извршниот директор на компанијата Џон Крафцик, кој на конференција за технологија во Лисабон, на прашање кога автомобилите на Waymo ќе се движат сами низ улиците, изјави дека тие веќе го прават тоа.

Сепак, и покрај тоа што Chrysiler Pacifica миниваните на Waymo немаат возач, тие и натаму имаат човек од компанијата кој седи на совозачкото седиште. Очигледно, довербата во автономниот компјутер сѐ уште не е целосна, но како и да е, тоа што воопшто не е потребен човек зад воланот кажува доволно за напредокот на оваа технологија.

Според Крафцик, технологијата која тие ја поседуваат е најнапредна во светот и му овозможува на возилото поглед на светот во 360 степени, нешто што човек возач и не може да го направи во исто време. Воедно, автомобилот е опремен со ласери кои можат да препознаат 3D објект на оддалеченост од дури 300 метри, а можат да видат и под и околу другите автомобили. Во превод, овој систем е многу подобар во забележување на евентуалните пречки на патот отколку возач човек.

Возилата на Waymo засега се движат во радиус од околу 150 квадратни километри околу градот Чендлер во Аризона, но Waymo планира проширување на овие граници. Во Chrysler Pacifica автомобилите во моментов инаку на Waymo може да се возат само оние пријавени за Early Rider програмата, што значи дека пошироката јавност ќе треба да почека на оваа технологија.

Интересно, Аризона, односно градот Чендлер, не бараат од Waymo да поднесе колку несреќи имаат направено нивните автомобили, што значи дека не можеме да бидеме сигурни дали тие се целосно безбедни, но како и да е, поголеми сообраќајки веројатно нема, бидејќи такво нешто сигурно веднаш ќе добиеше на публицитет.

Извор: The Guardian, The Verge, TechCrunch

Претходна статијаКомпанијата “А Дата Про“ со награди за Иновација
Следна статијаАлуминиумската фолија навистина може да го подобри Wi-Fi приемот во вашиот дом