Deutsche Bahn започнува проект преку кој ќе се тестира можноста за замена на постојните дизел возови со нови кои ќе имаат електричен погон со водородни ќелии. Тестирањето на новиот Mireo Plus H воз треба да започне во 2024 година каде ќе биде пуштен официјално во употреба.

За потребите на овој тест ќе биде изградена и посебна станица за полнење на водородните ќелии, а производството на ова гориво ќе се прави во самата станица.

Целта е да се заменат сите возови од Deutsche Bahn кои сега возат на дизел, со водородни возови и со тоа да се намали ефектот на околината. Според најавите, замената само на еден или неколку возови за време на тестот, ќе го намали испуштањето на CO2 во атмосферата за 330 тони годишно. Може да се претпостави ефектот кој би го имала замената на останатите 1.300 дизел возови кои се во функција.

Mireo Plus H е посебно прилагоден воз со две кабини, развиен од страна на Siemens Mobility. Тој е опремен со водородни ќелии, како и со батерии, па ќе може да помине до 600 километри со едно полнење и ќе може да се движи со брзина од 160 километри на час. Ова можеби не е нешто посебно голема брзина, но сигурно е доволна за пократките локации помеѓу градовите.

Deutsche Bahn имаат за цел да станат јаглерод неутрални до 2050 години, што значи дека до таа година тие веќе нема да користат фосилни горива.

Проектот е финансиран од страна на Федералното министерство за транспорт и дигитална инфраструктура на Германија и е наречен „H2goesRail“, а Siemens Mobility веќе имаат искуство со изработка на електрични возови, како и развој на нов систем за погон на водород.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Siemens Mobility
Претходна статијаСо поголемата надградба идната есен, Windows 10 може да добие поддршка за Android апликации
Следна статијаУдобно, топло, празнично – уживајте филмски пред малите екрани со кристално чиста слика на FAVORIT телевизорите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.