v-tex-cooler1

Сопствениците на маркетите и рестораните се соочуваат со големи трошоци за електрична енергија, од која значителен дел отпаѓа на ладилниците за пијалоци. Пресметките на глобално ниво одат дотаму да годишно оваа бројка изнесува околу 85 TWh, доволно да се снабат со електрична енергија околу 20 милиони домаќинстава.

Британската компанија “Enviro-Cool” неодамна претстави машина за инстанто ладење, која е одлична, енергитски ефикасна алтернатива за конвенционалните ладилници. Имено нивниот производ “V-Tex” може било кој пијалок да го доведе на температура од 5 ̊ C, за помалку од 45 секунди. За разлика од обичнинте ладилници, предноста на овој ладилник е во тоа што тој користи дури 80% помалку енергија.

Иновативноста на овој производ се состои во технологијата на ладење. Процесот се одвива на тој начин што вртлог од студен воздух поминува со голема брзина во просторот за ладење каде истовремено пијалокот се ротира. Меѓутоа, повеќето од пијалоците се најчесто газирани па оваа ротација може да предизвика негативни ефекти при нивното отворање. За таа цел, научниците од компанијата направиле алгоритам со кој се регулира оптималната брзина на ротација за секој вид пијалок. Дополнително на ова, во предвид се зема и амбалажата во која е сместен пијалокот, било дали тоа е лименка, пластично или стаклено шише или слично.

v-tex-cooler-2

Оваа технологија наречена “V-Tex”е развиена со помош на Европскиот фонд за истражување, се со цел да се направи производ за комерцијална употреба. Овој производ  би ги заменил огромните ладилници за пијалоци кои се користат во маркетите и рестораните. Дополнително на ова, компанијата ги претставија и “V-Tex Compact” и  “V-Tex Domestic” кој е наменет за домашна употреба.

“V-Tex” ладилниците допрва треба да станат достапни за продожба, но големиот потенцијал за заштеда на електрична енергија, а со тоа и парични средства, ветуваат светла иднина за овој производ. “V-Tex Domestic” можеби ќе наиде на негодувања кај многумина кои поседуваат конвенционален ладилник, но оние кои немаат доволно трпение да чекаат ладен пијалок можеби ќе се решат да издвојат средства за овој производ.

Претходна статијаBlueshift преносна музичка кутија
Следна статијаGoogle Chromecast ќе се продава надвор од САД