Најголемиот светски производител на автомобили, воедно и еден од најголемите иноватори во индустријата, патентираше ново паметно ветробранско стакло, кое има вграден холограмски дисплеј за проширена реалност кој се прилагодува според условите на возењето.

Во новите автомобили, веќе има таканаречени “heads up” дисплеи на ветробранските стакла, кои се поточно проекција на дисплеј поставен на конзолата близу до стаклото. Вака, на возачот може да му се прикажат најразлични информации, како на пример брзината на движење, дирекцијата од системот за навигација, информации за сообраќајот итн.

toyota-prius-head-up-display

Сепак, новиот систем на Toyota ги носи работите на повисоко ниво. Имено, нивниот “heads up” дисплеј не е статичен, односно не се наоѓа само на едно место на ветробранското стакло. Благодарение на камерата поставена во предниот дел на возилото, камерата која ги следи очите на возачот и специјален компјутер кој го анализира аголот на свртување на воланот и брзината на движење, Toyota има начин да го стави овој холограмски дисплеј секогаш во видното поле на возачот.

Така, кога возачот ќе врти во кривина, системот ќе го премести дисплејот токму каде што е видното поле или пак доколку автомобилот се движи побрзо, холограмскиот дисплеј ќе се намали и ќе се премести кон средината на видното поле, односно кон средната точка на патот.

Овој систем делува дека е веќе спремен за вградување во новите модели – сите технологии со помош на кои функционира се веќе достапни и евтини. Според тоа, би можеле да очекуваме јапонскиот производител да почне да го вградува овој интересен патент во своите возила многу наскоро, особено бидејќи и конкуренцијата во автомобилскиот сегмент не била никогаш посилна.

Извор: Autoblog, PCWorld, CNET

Претходна статијаWindows Live Mail 2012 нема да може да работи со Outlook.com – уште една причина за надградба на Windows
Следна статијаWindows 10 сега работи на повеќе од 300 милиони уреди