Разликата помеѓу Tesla и другите автомобилски компании е тоа што Tesla не го користи нивниот циклус на работа кој што ретко се менува во подолг период. Ова дури може да претставува проблем за корисниците на Tesla кои што се обидуваат да бидат во чекор со најновите иновации на компанијата. Сепак од Tesla велат дека немаат намера да го сменат начинот на работење и да се прилагодат на индустрискиот стандард, и покрај фактот што некои од корисниците го бараат тоа од нив.

Секако најголемите поплаки доаѓаат за недостатокот на простор за надградби секојпат кога Tesla најавува нови. Една од последните надградби се однесуваше на P100D батеријата која што беше достапна за сите корисници, но сепак ова не ја смени целокупната стратегија на функционирање на компанијата. Веднаш после тоа, Tesla најави втора генерација на Autopilot и надградбата не беше достапна за сите.

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, вели дека нема да престанат со иновации и дека корисниците треба да очекуваат поголеми надградби на секои 12 до 18 месеци. Исто така вели дека доколку луѓето кои што не сакаат нивниот автомобил често да биде надградуван, тогаш Tesla не е вистинското возило за нив. Според Маск, компанијата направи околу 20 промени на нивниот Model S со цел подобрување на ова возило и процесот на производство. Едни од најголемите промени на Model S од моментот на неговото претставување во 2012 година се двојниот мотор, првата генерација на Autopilot, нови батерии, освежување на дизајнот итн.

Со нетрпение очекуваме да ја видиме нивната најнова иновација и начинот на кој што ќе ги подобри нивните модели.

Извор: Electrek, HybridCars

Претходна статијаSamsung дефинитивно работи на Galaxy Note 8
Следна статијаApple ќе го вгради читачот за отпечатоци под дисплејот, а ќе вгради и скенер за зеницата во iPhone 8