Производството на Tesla Model 3 е одложено за неколку месеци од планираното. Се дотогаш со нетрпение ќе ги очекуваме сите новости поврзани со овој автомобил. Elon Musk најави дека овој модел ќе биде поедноставен од неговите претходници Model S и Model X. Наместо два ќе има само еден екран напојуван од еден компјутер. Жиците инсталирани во Model 3 се со вкупна должина од 1,5 километри додека пак кај претходните две верзии се со вкупна должина од 3 километри. Ваквите детали укажуваат на тоа дека најновиот автомобил на Tesla се поедноставува. Сето ова според Elon Musk е фактот што сега како компанија се поискусни во производството на автомобили

Исто така се шпекулира и за дисплеј на ветробранското стакло. Најавата дека ќе има само еден екран ги подгрева надежите за вакво нешто. Тој екран кој воопшто не е голем како екраните во другите два модела, не остава многу простор за други решенија освен дисплеј од ваков вид. Кога станува збор за батеријата на овие возила, Model S и Model X имаат вградено батерии помеѓу 75 и 100 киловат часови. За најновата верзија се очекува батерија со ранг помеѓу 60 и 70 киловат часови, со тоа што основната верзија на Model 3 се очекува да биде со батерија помала од 60 киловат часови.

Производството на Model 3 се очекува да започне во јули оваа година. Стандардизирање на сериското производство се очекува да има некаде во септември 2017 година. Планот е да се стигне до бројка од производство на 10.000 возила неделно, во 2018 година.

Извор: Electrek

Претходна статијаQualcomm Snapdragon 835 ќе се вградува и во мобилни VR уреди
Следна статијаПротекоа фотографии од Huawei Watch 2 – ќе биде многу поспортски од претходникот