SpaceX, компанијата на Елон Маск, планира да прати двајца туристи во вселената. Овие туристи ќе стигнат до месечината, но нема да слетаат. Ова би било најдалечното патување во вселената на луѓе во повеќе од 40 години. За да се оствари сето ова туристите треба да поминат една недела во вселената. Планирано е патувањето да се изведе со едно од Dragon 2 вселенските летала на SpaceX. Датумот за ова патување е закажан кон крајот на наредната 2018 година.

Инаку Dragon 2 капсулата ќе биде лансирана со Falcon Heavy ракета. Капсулата ќе биде автоматизирана, но двајцата туристи ќе поминат тренинг за итни случаи. Единствено не е позната цената која што треба да ја платат туристите за ова патување. Инаку SpaceX е релативно нова компанија која што нема премногу лансирања зад себе.

Маск сака двајцата патници да останат анонимни засега, но кажа дека тие се познаваат меѓусебно. Траекторијата на нивното патување би изнесувала од 500.000 до 650.000 километри. NASA е посветена на создавање ракета и капсула Orion, која што после Apollo мисијата во 1972 повторно ќе може да одведе човечки екипаж подлабоко во вселената. Лансирањето на оваа ракета на NASA е закажана исто така за крајот на наредната година. Патувањето што ќе го изведе нивната капсула е речиси исто со патувањето на Dragon 2 од SpaceX, но нема да пратат екипаж во нивните летала. NASA планира да испрати астронаути во вселената некаде во 2019 година.

Извор: NYTimes, TheNextWeb

Претходна статијаApple ќе го смени Lightning конекторот во iPhone со USB Type-C
Следна статијаXiaomi претстави свој Surge S1 мобилен чип, Mi 5c е првиот смартфон со него