Cpy_8dTVMAAVwpV

Полека оваа информација станува се помалку „важна“ вест, а доколку тоа навистина стане така, ќе значи голем успех за SpaceX. Тоа е така поради фактот што се повеќе станува нормално да Falcon 9 ракетата направи успешно вертикално слетување на платформа во океан, што е и главната цел на компанијата.

Викендот што измина, SpaceX имаше уште една мисија за носење на сателит во орбитата на Земјата. Висината до која требало да се однесе товарот, како и локацијата барале да слетувањето биде на платформа на океан, наместо ракетата да се врати на почетната точка, а со тоа да се потроши и многу повеќе гориво, кое некогаш и не е можно да се однесе.

Слетувањето било успешно, па надежите дека оваа техника на слетување ќе биде нормална за мисиите во иднина стануваат реалност.

За потсетување, целта на SpaceX е да нивните ракети успешно слетуваат по завршувањето на мисијата, а голем дел од тие слетувања да бидат во океан. Тоа овозможува повторно искористување на истата ракета, наместо производство на нова, со што значително се намалуваат трошоците за испраќање на товар, но и луѓе во орбитата на Земјата.

Извор: Engadget

Претходна статијаСевернокорејските атлетичари нема да ги добијат бесплатните Galaxy S7 Edge телефони од Samsung
Следна статијаPost or not – дали да ја објавам оваа слика или не ?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.