SoundHound на повеќето им е позната како апликација конкуренција на Shazam. Сепак, оваа компанија работи на многу поголем проект којшто во тест верзија го претстави и најави минатото лето.

Се работи за персонален асистент, како што се Siri, Google Now и Cortana, меѓутоа наводно многу понапреден, побрз и поспособен да „природно“ одговара на поставени прашања.

Како и другите вакви асистенти, Hound треба да ви овозможи интеракција и завршување на одредени работи со гласовни команди, наместо пишување и кликање по прилагодувањата за истите.

Она што треба да го издвои Hound е брзината со којашто успева да ги одговори прашањата, а посебно фактот што може да се продолжи дискусијата по поставување на првото прашање.

Пример за тоа е поставувањето на прашање „Што има за јадење во мојата близина ?“ По ова прашање и добиените резултати, можете да продолжите и да кажете, „Не сакам пекари, тргни ги од резултатите“ и Hound ќе ви даде нова листа.

hound-screens

Се разбира ова е само пример, а како и другите асистенти, Hound не е достапен на македонски јазик, а и не може да се симне апликацијата во нашиот регион.

Hound исто така може да одговори на посложени прашања, односно повеќе прашања во една реченица коишто не се поврзани меѓу себе.

Според директорот на компанијата, технологијата кој стои зад Hound е во развој веќе 9 години, а исто така се чекало и на развој на дополнителни технологии коишто ќе го овозможат понатамошниот развој.

Исто така, за разлика од другите асистенти, Hound успева да го препознае говорот директно од гласовната команда, нешто што наводно е многу побрзо и понапредно од конкурентите.

Навистина не интересира дали оваа „мала“ компанија ќе покаже дека е подобра, односно има развиено подобра технологија од гигантите како Google, Apple и Microsoft.

Hound е достапна за двете најмногу користени платформи, односно на iOS и Android, а сега за сега не може да се симне доколку вашиот регион е наместен на Македонија.

Извор: The Verge, SoundHound

Претходна статијаПат до Марс за неколку дена со нова технологија
Следна статијаНови рендери од Huawei P9 – ќе има двојна задна камера и 6 GB рам?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.