Samsung SDI ја објави нивната најнова батерија која е развиена да се користи кај електричните автомобили. Може да се каже дека ова е батеријата на која се чекаше, а секако од компанијата не се единствените кои работат на ваква технологија. 

Се работи за батерија со целосно цврста состојба која доаѓа со поголема густина на енергија која може да ја чува, а тоа се постигнува со помала тежина и големина од постојните батерии. Дополнително, оваа батерија е и побезбедна, односно доаѓа со помал ризик од можно прегревање и палење. 

Според најавите, новата батерија од Samsung SDI треба да има животен век од 20 години, да им овозможи на автомобилите да поминат од 900-1000 километри со едно полнење, а процесот на полнење може да се направи за само 9 минути. 

Ова навистина звучи одлично и сигурно ќе ја зголеми побарувачката за електрични автомобили кои се’ уште го имаат проблемот на полнење и времетраење на батеријата. 

Според најавите, Samsung SDI треба да бидат едни од првите кои ќе ги понудат ваквите батерии на пазарот со најава за почеток на масовно производство уште во 2027 година. 

Очекувањата се дека првите автомобили кои ќе функционираат со новата генерација на батерии ќе бидат поскапите, односно тие од повисоката класа, по што подоцна ќе може да се очекува префрлување кај останатите класи. 

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2The Elec
Претходна статијаАпликацијата на Wizz Air сега достапна на Huawei AppGallery
Следна статијаApple Intelligence е далеку од маркетинг најавата и има уште доста за да им понуди вредност на корисниците
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.