По неофицијалните информации дека Samsung ги има завршено исправките на Galaxy Fold, сега компанија и официјално излезе да ја потврди таа информација. Тие исто така најавија дека продажбата на овој уред ќе продолжи во септември, иако не беше најавена точна дата кога во тој месец.

Од Samsung покрај најавата за завршување на исправките и продолжување на продажбата, тие истакнаа и што точно е направено на уредот, а од тоа што можеме да го видиме, проблемите кои се јавија минатиот пат, веќе нема да може да се случат.

Во главно проблемите кои се јавија кај тест уредите кои беа дадени на американските ИТ портали во април беа поврзани со заштитата на екранот, како и просторот помеѓу двата дела од уредот, односно кај „шарката“.

Заштитата на екранот дел од тестирачите мислеле дека е заштитна фолија која доаѓа со уредот при пакување и обично се вади. По вадење на овој дел од екранот, се разбира дека тој се расипувал.

Од Samsung оваа заштита ја имаат продолжено околу екранот, па сега таа нема да се гледа и да се помеша со фолија која треба да се извади. Исто така, како што може да се види од сликата погоре, Samsung имаат додадено „капачиња“ кои дополнително го зацврстуваат тој дел од екранот.

Ова ќе овозможи заштита и од вториот проблем кој се има јавено кај тест уредите, а тоа е влегување на мала прашина, но доволно за да направи проблеми на тој дел од екранот.

Покрај ова, намален е делот помеѓу двата дел од уредот, а додадени и зацврстени се и деловите кај шарката, односно кај механизмот за преклопување.

ИЗВОРSamsung
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаHMD Global ги претстави Nokia 220 4G и Nokia 105
Следна статијаЕд Ширан наспроти Петар Грашо: Дали радиo станиците постојано емитуваат иста музика?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.