1-obyfjklyyh0udscerp6mla

Viv е компанија која развива нов персонален асистент, како Siri, Cortana и Google Now. Вниманието го привлекува поради тоа што оваа компанија е основана од страна на дел од основачите и програмерите кои имаат работено на развојот на Siri, пред технологијата да биде купена од Apple.

Во основа, основачите на Viv не се целосно задоволни во кој правец е однесен развојот на Siri под капата на Apple, па решаваат да ја продолжат својата замисла со излегување од оваа компанија и основање на нова.

Оваа недела од Viv информираа дека стануваат дел од Samsung преку договор за купување на нивната компанија. Тие најавуваат дека ќе продолжат да работат независно од Samsung продолжувајќи со развојот на нивната технологија.

Приклучувањето на Samsung ќе значи пристап до поголеми ресурси, како и до огромниот број на кориснички производи кои ги има компанијата, а како што знаеме е лидер во светот.

Инаку, за технологијата која ја развиваат од Viv се истакнува дека треба да биде многу подобра од конкуренцијата. Viv го разбира разговорот со корисникот на многу посуштинско ниво, а во исто време се надоградува, со што се можни многу повеќе интеракции и извршување на задачи.

Во овој момент ова е само најава од основачите на Viv, па ќе почекаме до официјалното претставување и интегрирање на нивната технологија во некој кориснички производ, пред да можете да знаеме со сигурност дали нивните тврдења ќе се покажат како точни.

Од компанијата истакнуваат дека „интелигентните“ персонални асистенти ќе бидат иднината на развојот на технологијата и дека ќе нема дом кој нема да има некаков уред со ваква технологија.

Во продолжение можете да погледнете кратка презентација на Viv технологијата, направена во мај за The Washington Post.

Извор: Medium, TechnoBuffalo

Претходна статијаАнализа: дали Windows 10 Mobile ќе преживее или Microsoft ќе ја напушти платформата?
Следна статијаПрвиот македонски Bike Computer кој се грижи за Вашата безбедност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.