Дел од Android телефоните во втората половина од годината ќе добијат големо подобрување кај точноста при одредувањето на нивната локација. Во време на сомневање за приватноста, ова може и да не е добра вест за сите, но секако ова ќе го искористат одредени апликации за овозможување на подобро корисничко искуство.

Подобрувањата ќе дојдат кај корисниците на уреди со Snapdragon 8 Gen 1, како и претходната генерација Snapdragon 888, а како резултат на соработка помеѓу Qualcomm и компанијата Trimble.

Trimble ја донесува својата RTX GNSS технологија преку која производителите на смартфони, сервисите, како и апликациите ќе можат да овозможат многу поголема прецизност при одредувањето на локацијата на корисникот, истакнуваат од компаниите.

Подобрувањето не е баш мало, односно за 5 пати, што значи дека смартфоните кои ќе ја користат оваа технологија во комбинација со Snapdragon чип, ќе можат да ја одредат локацијата на корисниците до 1 метар.

Ваквата можност ќе ги подобри доста од апликациите и сервисите кои се користат, како на пример можноста за точна навигација по лента без грешки за автомобилите. Исто така, нарачувањето на сервис за превоз, како Uber, ќе може да се направи многу поедноставно, односно патникот и возачот ќе може точно да се најдат каде се, нешто што прави голема разлика во места каде има доста луѓе и сообраќај.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Qualcomm/Trimble
Претходна статијаWizz Air претстави 2 нови и реотвара 7 рути од Македонија
Следна статијаITALIAN DESIGN DAY 2022: „Дизајнот и новите технологии за одржлива иднина“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.