Во телекомуникациската индустрија, технологиите се развиваат со многу брзо темпо. Почетокот на 2022 година кај нас го означи  почетокот на нова ера во телекомуникациите со комерцијалното пуштање на  мрежата од најновата генерација – 5G. Со 5G се овозможија  поголеми податочни брзини, пренос и управување со пообемни податоци, се отвори потенцијал за употреба  на Интернет на нештата“ (IoT) и вештачка интелигенција (AI) .

Новите мрежни технологии во чекор ги следат уредите од новите генерации кои треба да бидат соодветно подесени за да овозможат најдобро корисничко искуство и користење на поволностите од новата технологија.

Новите технологии ги заменуваат старите, дојде време 3G да замине во историјата.

Со воведувањето на 4G и 5G тие стануваат носечки технологии за податочни услуги, додека гласовната комуникација ќе се одвива преку 2G и 4G (LTE), со што се отвора патот за  згаснување на старата 3G технологија. За комплетно имплементирање на новата мрежа потребно е да се замени хардверот, нагодувањата, па дури и софтверот на досегашнaта опрема.

Со оваа промена се отвора нов потенцијал на функционалности на новите мрежни стандарди, а особено за искористување на целиот потенцијал на 5G технологијата која станува водечка технологија во светски рамки. 5G за прв пат на македонскиот пазар се воведе минатата година од страна на Македонски Телеком. Во моментов Македонски Телеком има покриено најголем дел од територијата на државата, а над 12% од целиот сообраќај е на 5G.

Претходна статијаApple размислува да додаде уште поскап модел кај iPhone серијата идната година
Следна статијаQualcomm не очекува голема продажба на смартфони во првата половина од годината