Oppo се познати по својата SuperVOOC технологија за брзо полнење на мобилните уреди која прави да на корисниците не им е проблем недостатокот на напредок кај капацитетот на батериите. Своите уреди корисниците можат да ги наполнат доволно само за 15тина минути, па да продолжат со денот без проблем.

На MWC 2022 Oppo ја претстави наредната генерација од SuperVOOC, 150W SuperVOOC која според најавите треба да наполни батерија со капацитет од 4500 mAh од 1 до 50% за само 5 минути. Полнењето на батеријата до 100% би се завршило за 15 минути.

Со оглед на тоа што ретко кој ја остава батеријата до толку да се испразни, а и тоа не е препорачливо, дополнувањето на батеријата може доволно да се направи додека корисникот се спреми да излезе од дома.

150W SuperVOOC технологијата треба да ја видиме за првпат кај некој од наредните смартфони од OnePlus. Оваа компанија, која и така беше под истиот сопственик со Oppo, сега е целосно префрлена под овој бренд, па ќе почне да ја користи истата технологија кај своите уреди.

Нема најави кој ќе биде уредот кој ќе дојде со 150W SuperVOOC.

Од Oppo истакнуваат дека имаат работено на тоа да полначот со новиот стандард ја задржи големината, односно корисниците нема да треба да очекуваат огромен полнач кој зазема доста место.

Oppo исто така ја најави и 240W SuperVOOC технологијата која треба да наполни батерија со капацитет од 4500 mAh за само 9 минути. Оваа технологија сепак е само во најава, па сигурно не треба да ја очекуваме оваа година.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Oppo
Претходна статијаHonor Magic4 серијата доаѓа со Snapdragon 8 Gen 1 и безжично полнење со 100W
Следна статијаСо MatePad Paper, Huawei го претстави својот прв е-читач со поддршка за пенкалце и апликациите од App Gallery
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.