Фото: Shutterstock.com

Научници од два германски универзитети, односно од HZB и Humboldt, во соработка со Техничкиот Универзитет на Берлин и Aalborg Универзитетот од Данска, можно е да имаат решение за долготрајноста на најчесто користените батерии во денешните уреди и автомобили.

Се работи за нов протокол за полнење на литиум-јонските батерии кој треба да овозможи помало оштетување на материјалите, а со тоа да го продолжи векот и функционирањето на батеријата и за дупло.

Начинот на којшто се постигнува подолг век на батериите е со користење на полнење со таканаречени пулсирачки интервали на струја со висока фреквенција.

Со едноставни зборови кажано, наместо батеријата да се полни со константен тек на струјата, како што тоа се прави, научниците тестирале електричната енергија да се пушта во брзи интервали.

Резултатите на овој начин на полнење се подолго време потребно за пад на капацитетот на батеријата, а батериите успевале да задржат најмалку 80% од капацитетот дупло подолго од сега.

Деталите од истражувањето може да се прочитаат тука.

Во основа, доколку овој начин на полнење почне да се применува, ќе значи дека батериите веќе нема да бидат проблем до наредното купување на смартфон, на пример.

Тоа што останува и го чекаме веќе долго време е батерии кои можат да имаат многу поголема способност за чување на енергија, во оваа форма, па секојдневното полнење на уредите кои најчесто ги користиме, да стане историја.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2ScienceDaily
Претходна статијаMicrosoft OneDrive доби поддршка за пристап до датотеките преку веб без интернет конекција
Следна статијаGalaxy AI во рацете на 8,8 милиони луѓе: Револуцијата со вештачката интелигенција навистина сега започнува
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.